Општина Ѓорче Петров продолжува со редовните активности насочени кон заштита на јавното здравје и унапредување на хигиенските услови на својата територија.

Во рамки на планираните мерки, во тек е спроведување на дератизација и дезинсекција на повеќе локации низ општината, со цел превенција од појава и ширење на штетници, намалување на ризиците по здравјето на граѓаните и обезбедување почиста, побезбедна и поквалитетна животна средина.

Градоначалникот Александар Стојкоски посочува дека ваквите активности претставуваат важен дел од континуираните напори на Општина Ѓорче Петров за создавање здрава и уредена животна средина за сите граѓани.

„Грижата за здравјето на граѓаните не е еднократна активност, туку постојана обврска. Затоа продолжуваме со превентивни мерки кои придонесуваат за поголема безбедност, подобра хигиена и поквалитетни услови за живот во секое населено место во нашата општина“, порача Стојкоски.

Општина Ѓорче Петров и во наредниот период ќе продолжи со активности за одржување на јавната хигиена и заштита на јавното здравје, како дел од заложбите за создавање чиста, безбедна и уредена општина.

Ѓорче Петров – чисто, безбедно и одговорно.

Share