Во просториите на Општина Ѓорче Петров се одржа работен состанок помеѓу претставници на општината, Одделението за превенција при СВР Скопје, претседателите на училишните одбори, претседателите на советите на родители и претставници на советите на родители од деветтите одделенија.
Главна тема на состанокот беше унапредувањето на безбедноста во училиштата и обезбедувањето сигурна и достоинствена организација на претстојните полуматурски активности.
Посебен акцент беше ставен напревенцијата како најважна алатка за создавање безбедна училишна средина, преку навремено препознавање на ризиците, отворена комуникација и координирано дејствување на сите релевантни чинители. Беше потенцирана потребата од континуирана соработка помеѓу училиштата, родителите, институциите и учениците, со цел навремено да се реагира на појавите кои можат да ја нарушат безбедноста и добросостојбата на децата.
Во рамки на дискусијата беа разгледани и конкретни насоки за намалување на врсничкото насилство, зајакнување на меѓусебната почит, промовирање на позитивни вредности и создавање атмосфера во која секој ученик ќе се чувствува прифатен, безбеден и поддржан.
Учесниците се согласија дека безбедноста на децата е заедничка одговорност и дека само преку активно вклучување на сите засегнати страни може да се создадат услови за здрав развој, квалитетно образование и безбедно секојдневие.
Општина Ѓорче Петров останува посветена на поддршката на иницијативи и активности кои придонесуваат за поголема безбедност, превенција на насилството и создавање позитивна училишна клима за сите ученици


