Општина Ѓорче Петров во соработка со ЈП „Лајка“ организира теренска акција за заловување и третман на кучиња кои не се обележани со ушна маркица.

Акцијата ќе се одржи во четврток (21.05.2026) во период од 17:00 до 19:00 часот пред ООУ „Тихомир Милошевски“.

Ги повикуваме сите граѓани кои во својата околина забележале бездомно куче без ушна маркица, или се во можност да донесат такво куче, да соработуваат со екипите на ЈП „Лајка“ со цел животните да бидат соодветно третирани согласно програмата на претпријатието.

На лице место ќе бидат достапни информации за постапката, а тимовите ќе постапуваат и теренски, доколку кучињата се наоѓаат во непосредна близина на локацијата.

Предност ќе имаат граѓаните кои по завршување на третманот ќе покажат интерес за вдомување на кучето преку ЈП Лајка, со што директно придонесуваат кон одговорно и долгорочно решавање на проблемот со бездомните кучиња.

Share