Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, учествуваше како панелист на конференцијата „Трудови политики и колективни договори – законска рамка, примена и предизвици“, во организација на СОНК.

Во своето обраќање, Стојкоски ја истакна важноста на улогата на локалната самоуправа во спроведувањето на трудовите политики, со посебен акцент на образованието и предучилишните установи. Тој нагласи дека колективните договори не претставуваат само законска обврска, туку се и прашање на достоинство, почит кон трудот и обезбедување подобри услови за наставниците, воспитувачите и сите вработени кои секојдневно се грижат за децата.

-Силни институции се градат со мотивирани луѓе. Квалитетното образование започнува со почитуван наставник, а одговорната општина мора да биде вистински партнер на вработените и граѓаните – истакна Стојкоски.

Градоначалникот потенцираше дека Општина Ѓорче Петров ќе продолжи да работи на унапредување на дијалогот, зајакнување на соработката и изнаоѓање одговорни и одржливи решенија, во интерес на вработените, децата и целата заедница.

Општина Ѓорче Петров останува посветена на градење стабилни институции и обезбедување квалитетни јавни услуги преку почитување и унапредување на трудовите права.

Share