По повод патрониот празник на ООУ „Ѓорче Петров“, упатуваме искрени честитки до учениците, наставниците и целиот колектив на училиштето.

ООУ „Ѓорче Петров“ претставува значаен столб на образованието, препознатлив по својата посветеност во градењето знаење, вредности и воспитување кај младите генерации. Со својата долгогодишна работа, училиштето дава силен придонес во создавањето образовани и одговорни граѓани.

-На овој значаен ден, ја истакнувам важноста од континуирано вложување во образованието како клучен фактор за развојот на општеството. Поддршката на наставниот кадар и поттикнувањето на учениците да постигнуваат високи резултати остануваат наш приоритет – рече градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски кој присуствуваше на настанот.

Образованието е нашата најсилна инвестиција. Да продолжиме заедно да го унапредуваме и надградуваме!

Share