Општина Ѓорче Петров продолжува со континуирани инвестиции во унапредување на спортската инфраструктура и создавање подобри услови за развој на младите.
На фудбалското игралиште во ООУ „Страшо Пинџур“ изградена е нова трибина во должина од 15 метри, со што значително се подобруваат условите за следење на спортските активности и натпревари. Со оваа инвестиција се овозможува поголем капацитет за публика, подобра организација на училишните и локалните спортски настани, како и поголема поддршка за учениците кои активно се занимаваат со спорт.
Овој проект претставува уште еден чекор кон поттикнување на здрави навики кај младите и нивно активно вклучување во спортски активности. Општината останува посветена на создавање современи и функционални спортски простори, со цел да се поттикне спортскиот дух и да се вложува во иднината на новите генерации.
Со секоја инвестиција во спортот, вложуваме во здравјето, енергијата и развојот на нашата заедница.






