Воведуваме поодржлив пристап кон животната средина – преку мулчирање, процес со кој органската маса се враќа во почвата, придонесувајќи за нејзино природно збогатување и намалување на отпадот.

Во таа насока, набавено е ново мултифункционално возило – специјализиран мулчер, наменет за поефикасна работа на терен и подобро одржување на јавните зелени површини.

✨ Побрзо косење и уредување – без чекање

🌿 Помалку отпад – тревата и гранките се враќаат во почвата

🌸 Порамни и поубави зелени површини за сите

Конкретни чекори што носат видлива разлика на терен – почисто, поуредено и пофункционално Ѓорче Петров.

Share