Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски присуствуваше на панихида во храмот „Св. Спас“,каде што беше оддадена почит на ликот и делото на Гоце Делчев – вечен симбол на слободата, идејата и саможртвата за Македонија.

Гоце Делчев преку својата визија за праведно, слободно и обединето општество остави трајна порака која и денес не обврзува да останеме достоинствени, сплотени и истрајни во зачувувањето и заштитата на македонските национални и духовни вредности. Неговиот лик и дело продолжуваат да бидат водилка за идните генерации, потсетувајќи не дека слободата и државноста се темелат на жртва, одговорност и љубов кон татковината

Share