Општина Ѓорче Петров ја продолжува инфраструктурната експанзија на краците од улицата 51 во Стопански Двор, со што се подобрува сообраќајната поврзаност и квалитетот на живеење за жителите во овој дел од општината.

Со реализацијата на овие инфраструктурни зафати се обезбедуваат современи и безбедни услови за секојдневно функционирање, како и рамномерен развој на сите населени места.

Општината останува посветена на унапредување на локалната инфраструктура, со јасна цел – подобри услови за живот за сите жители.

Продолжуваме одговорно и посветено да работиме за урбано, модерно и функционално Ѓорче Петров.

Share