Комуналниот пункт на Општина Ѓорче Петров континуирано ги реализира своите редовни активности со цел одржување и унапредување на јавните површини на територијата на општината.

Секојдневно се спроведуваат активности за уредување, чистење и одржување на јавните зелени површини, со што се придонесува кон почиста, поуредена и попријатна животна средина за сите граѓани.

Овие активности се изведуваат без разлика на временските услови, во согласност со предвидената програма за комунално одржување.

Општина Ѓорче Петров останува посветена на грижата за јавниот простор и континуирано работи на подобрување на квалитетот на живеење на своите жители.

Share