Со длабока почит, во дворот на истоименото училиште во Ѓорче Петров се одбележаа 83 години од смртта на народниот херој Мирче Ацев, една од најсветлите личности во македонската револуционерна и антифашистичка историја.
Мирче Ацев не е само име запишано во учебниците – тој е симбол на совест, храброст и непокор. Претставник на генерација која ја избра слободата пред стравот и достоинството пред тишината, Ацев со својата жртва остави траен белег во борбата за слобода, правда и човечко достоинство.
Неговото дело и денес не обврзува да бидеме поодговорни, похрабри и посветени кон татковината и народот, да ги чуваме вредностите за кои тој го даде својот живот и да ја продолжиме борбата со дела, чесност и љубов кон Македонија.
Да го зачуваме споменот, да ја носиме пораката и да не дозволиме жртвата на народните херои да биде заборавена.











