Детската радост и искрената насмевка уште еднаш потсетија дека празниците ја имаат својата вистинска смисла кога се споделуваат со најмладите.

По повод новогодишните празници, на првачињата во ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ во населбата Хром им беа доделени новогодишни пакетчиња, со цел да им се разубават празничните денови и да се внесе топлина и радост во нивното секојдневие.

Настанот помина во исклучително пријатна и топла атмосфера, збогатена со детска песна, смеа и искрени насмевки – моменти што оставаат траен белег и потсетуваат на вредноста на вниманието и грижата кон децата.

Новата година нека им донесе здравје, безгрижно детство, успех и уште многу причини за радост и насмевки.

Среќна и благословена Нова година на сите деца и нивните семејства.

Share