И оваа година продолжи убавата новогодишна традиција на дарување и споделување радост со најмладите, со цел да се внесат насмевки и празнична магија во детските срца.
Во духот на солидарноста и заедништвото, во активностите за поделба на новогодишни пакетчиња учествуваа премиерот, проф. д-р Христијан Мицкоски, како и пратеникот Бојан Стојаноски. Заедно со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски споделија искрени и топли моменти кои потсетуваат дека сите заложби и активности се насочени кон иднината, односно децата.
Поделбата на новогодишните пакетчиња не претставува само симболичен гест, туку јасна порака дека децата се најголемата вредност на општеството, а нивната среќа и благосостојба се заеднички приоритет.
Овие празнични мигови се бесценети и носат надеж, радост и чувство на грижа и внимание. Со искрени желби, им се посакува на децата, нивните семејства и на сите сограѓани Новата година да донесе здравје, радост и многу безгрижни и среќни моменти.









