Oпштина Ѓорче Петров официјално станува дел од иницијативата „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“, со потпишувањето на Меморандум за соработка, со што се вклучува во најголемиот европски културен процес што ќе се реализира во главниот град.

Овој чекор претставува јасна потврда на заложбата на oпштината за стратешки развој преку културата, како и определба кон европските вредности и стандарди. Учество во „Скопје 2028“ значи отворање нови можности за локалните уметници, младите, културните институции и заедниците, како и зголемена меѓународна видливост на Општина Ѓорче Петров.

Проектот „Скопје 2028“ носи потенцијал за унапредување на културната понуда, зајакнување на креативните индустрии и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните. Преку активна вклученост и партнерство, Општина Ѓорче Петров ќе придонесе кон создавање инклузивна, динамична и современа културна сцена.

Share