Отпочната е завршната фаза од реализацијата на проектот за изградба на нов пат до црквата „Св. Архангел Гаврил“ во Ново Село, со вкупна должина од 780 метри нов коловоз.
Со овој инфраструктурен зафат, значително се подобрува пристапот до црквата, како и безбедноста и квалитетот на сообраќајот за жителите на Ново Село. Проектот претставува дел од континуираните напори за унапредување на локалната инфраструктура и подобрување на условите за живот во руралните средини.
Изградбата на новиот коловоз има големо значење како за секојдневното функционирање на жителите, така и за верските и културните активности поврзани со црквата „Св. Архангел Гаврил“.
Локалната самоуправа продолжува со реализација на проекти кои директно одговараат на потребите на граѓаните и придонесуваат за рамномерен развој на сите населени места.








