По повод значајниот јубилеј – 80 години од основањето на ООУ „Мирче Ацев“, свечено беше одбележан осумдесетгодишниот континуитет на едно од најзначајните образовни институции во општината.

ООУ „Мирче Ацев“ осум децении претставува вистински храм на знаењето, воспитувањето и вредностите, место каде што се создаваат не само ученици, туку силни, самосвесни и одговорни личности – генерации кои знаат да мислат, да почитуваат и активно да придонесуваат кон општеството.

Образованието е темелот на секое здраво и напредно општество, а ова училиште со години го гради токму тој темел, цврст, достоинствен и траен. Преку посветената работа на наставниот кадар и поддршката од родителите, ООУ „Мирче Ацев“ остави длабока и трајна трага во образовниот и општествениот развој.

По повод јубилејот, беа упатени честитки до наставниците, учениците, родителите и до сите генерации кои во изминатите 80 години го испишуваа ова големо училишно дело.

Локалната заедница и понатаму ќе продолжи да вложува во образованието, затоа што силна општина се гради со силни и образовани луѓе.

Честит јубилеј ООУ „Мирче Ацев“!

Share