Општина Ѓорче Петров продолжува со интензивна градежна активност на терен. Во населбата Орман се работи со забрзана динамика, при што се поставува нов коловоз со површина од 7.000 м².

Целосно е уреден пристапниот пат до двете цркви – „Св. Спас“ и „Св. 40 Маченици“, како и сите локални патишта во овој дел од општината. Со тоа жителите добиваат побезбедна сообраќајна мрежа, достоинствен пристап и реални, видливи резултати.

Овие зафати се дел од континуираниот план за инфраструктурен развој на Ѓорче Петров.

Share