Работите на терен интензивно напредуваат, а проектот за новиот главен пат од Ново Село до црквата „Св. Архангел Гаврил“ добива значителен замав.
Во моментов се изведува тампонирање од кај црквата кон доле, додека паралелно се работи и на приклучоците од новата водоводна мрежа, со цел трасата да биде целосно подготвена за следните фази на изградба.
Новата сообраќајница е долга 780 метри и широка 6 метри, со нов коловоз кој значително ја подобрува поврзаноста за жителите на Ново Село.
Проектот се реализира преку Министерството за транспорт и врски и програмата на Светска Банка, со активно учество на Општина Ѓорче Петров во подготовката на документацијата и кофинансирањето.
















