Општина Ѓорче Петров заедно со учениците од основното училиште „Јоаким Крчоски“, го одбележа 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Настанот беше исполнет со искрени детски насмевки, топлина и силна порака за прифаќање и поддршка.
Учениците заедно со Бојан го реализираа симболичниот „најубав лет“ – лет низ вредностите што ја градат нашата заедница: еднаквост, солидарност и поддршка за секое дете и секоја личност.
Општина Ѓорче Петров создава средина во која секој граѓанин е важен, слушнат и почитуван. Цврсто стоиме зад лицата со попреченост и продолжуваме да работиме за општина што нуди еднакви можности за сите.


















