Во рамки на серијата отворени теренски средби, Општина Ѓорче Петров вечерва оствари конструктивен дијалог со жителите на Ново Село, Кисела Јабука и Стопански Двор. Средбите уште еднаш потврдија дека силата на вистинското планирање лежи во директната комуникација со народот.
Граѓаните отворено ги споделија своите ставови, идеи и приоритети, а претставниците на општината внимателно ги нотираа сите предлози и забелешки како дел од процесот на креирање на буџетот за 2026 година.
Буџетот се гради таму каде што треба – меѓу граѓаните. Ова е вистинска транспарентност, вистинска одговорност и вистинска работа во служба на заедницата.













