Во рамки на серијата теренски активности „Создаваме буџет заедно – создаваме иднина заедно“, Општина Ѓорче Петров продолжи со средбите и во урбаната заедница Даме Груев.
И оваа средба уште еднаш ја потврди важноста на директната комуникација со граѓаните, таму каде што најјасно се слушаат вистинските потреби.
Жителите отворено ги истакнаа своите приоритети и предизвици, а општинските претставници ги нотираа сите предлози и веднаш понудија јасни насоки и конкретни решенија.
Овие средби не се формалност – ова е реална, активна работа на терен, со луѓето и за луѓето.
Ѓорче Петров оди напред затоа што ја градиме општината заедно.










