Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и претставници на општината денеска одржаа средба со жителите од урбаната заедница Мирче Ацев – едно од најголемите и најгусто населени подрачја во општината.

Средбата потврди дека директната комуникација со граѓаните дава резултати и дека гласот на општината допира до секој дел од заедницата.

Со жителите се разговараше отворено за тековните предизвици, нивните идеи и предлози, при што беа понудени конкретни насоки и решенија за дел од проблемите што ги засегаат.

Во овој дел на Ѓорче Петров во план е доградба на двете основни училишта „Мирче Ацев“ и „Димитар Поп Георгиев-Беровски“, поставување нови детски игралишта и надминување на постојните инфраструктурни предизвици.

Општината продолжува со принципот „Создаваме буџет заедно, создаваме иднина заедно“, градејќи транспарентен, одговорен и посветен однос кон секој жител на Ѓорче Петров.

Share