Општина Ѓорче Петров од урбаната заедница Дексион ја започна новата серија на средби со жителите, поврзана со креирање на буџетот за 2026 година.
Разговори, предлози, идеи и отворени прашања – ова е моделот преку кој се гради силна и функционална општина. Ова е пристапот со кој продолжуваме да ги слушаме идеите на жителите на Ѓорче Петров, транспарентно, чесно и со конкретна работа на терен.
Ѓорче Петров е заедница со енергија, визија и силен развоен капацитет. Граѓаните имаа одлични предлози кои ќе бидат опфатени во новата буџетска рамка. Ваквите средби ќе продолжат и во наредните денови и во други урбани и месни заедници во Ѓорче Петров.















