Во тек е асфалтирање на краците на улица 51 во Стопански Двор, крак на улица 31 во истото населено место и крак на улица 49 во Волково.
Со овие активности, кои покриваат вкупна површина од 2.300 м², директно ги подобруваме пристапните патишта до домовите на нашите сограѓани.
-Секој нов проект што го реализираме носи со себе позитивни промени и го подобрува квалитетот на животот во Ѓорче Петров.
Со задоволство споделувам дека сме еден чекор поблиску до нашата заедничка цел – да создадеме средина каде секој жител може да ужива во удобноста и современите услови за живот – рече градоначалникот Александар Стојкоски кој изврши увид во градежните работи.
Горди сме, додаде, што како локална самоуправа успеваме да ги реализираме нашите ветувања.
-Секоја завршена улица е уште еден доказ дека можеме и сакаме да создаваме подобра иднина за сите. Работиме со огромна посветеност и чесност, водени од желбата да го направиме Ѓорче Петров место каде животот е квалитетен и исполнет со радост – нагласи Стојкоски.