Општината Ѓорче Петров ги известува граѓаните кои живеат на територијата на Општината Ѓорче Петров, дека може да достават Барање за процена на настаната штета од силниот ветар и од обилните врнежи од дожд и град коишто ја зафатија Општината Ѓорче Петров во попладневните и вечерните часови на 26, односно на 27.06.2024 година.

Во Барањето задолжително да се наведат:

– полно име и презиме на подносителот;

– копија од личната карта на подносителот;

– адреса од личната карта;

– краток опис на настанатата штета;

– телефонски број за контакт со подносителот.

Кон Барањето е пожелно да се приложат:

– слики и евентуално други докази за настанатата штета (фотографии и сл.);

– потврда издадена од Полициската станица Ѓорче Петров за пријавена штета, со напомена дека потврдата може да се приложи кон Барањето и дополнително, откако ќе биде издадена од Полициската станица.

Рокот за доставување на Барањата за процена на настаната штета е 15 дена сметано од денот на настаната штета, односно сметано од 27.06.2024 година.

телефони за контакт

+389 02 2039307
+389 02 2044411
+389 02 2059941

Share