Во текот на вчерашниот ден на улицата којашто ги поврзува кружниот тек пред „KMALL” и бул. „Партизански одреди”, односно уличката пред новата општинска зграда, беа поставени заштитни столбчиња на коловозот.

Со означувањето на коловозот обезбеден за моторни возила, како и делот за велосипедисти, се надеваме дека конечно ќе се реши сообраќајниот хаос кој се предизвикуваше поради непрописно паркираните возила.

Поставувањето на урбаната опрема беше неопходно и беше барање на жителите на Ѓорче Петров, бидејќи тие директно беа жртви на несовесното однесување на поединци. Апелираме до сите учесници во сообраќајот низ општината, да ги почитуваат правилата и знаците, со што ќе се елиминираат несаканите метежи и ќе ја зголемиме безбедноста за сите учесници, вклучително и пешаците.

Share