Фондација МИР во рамките на проектот „ЦБЦ еквилајзер за пол и возраст на работните места“ организира „Обука за дејности од металопреработувачката индустрија“. Обуката ќе се одржи со физичко присуство и ќе трае 6 дена (26.06, 27.06, 28.06, 02.07, 03.07, 04.07). Шестиот ден (04.07) ќе биде посветен на теренска посета на избрани работодавачи – успешни компании од овој сектор. Обуката започнува на 26.06 (среда) со почеток од 9 часот во Центарот за култура „Ѓорче Петров“.

На оваа обука учесниците ќе можат да се запознаат подетално со оваа индустрија и професиите во неа:

Логистика – асистентски улоги

Греење, климатизација и водовод

Фабрикација и заварување

Производство

Мехатроника и автоматика

Лимарија и браварство

Обуката ќе ја води г. Зоран Марков, редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје.

По завршување на обуките ќе бидат обезбедени менторски сесии за 20 учесници со избрани ментори. По завршување на менторската програма учесниците ќе бидат целосно подготвени за работа во избраниот сектор. Со завршување на обуката учесниците ќе добијат и СЕРТИФИКАТ за учество.

Информацијата за обуката може да биде споделена со сите кои мислите дека би имале интерес да стекнат нови знаења за оваа индустрија и последователната можност за индивидуална работа со избран ментор.

Вашето учество на обуката може да го потврдите со пополнување на следниот формулар: https://forms.gle/gLKsBpcF2csSrU3p6.

Share