Шестото Генерално собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа се одржа вчера и на истото се дискутираше за актуелните предизвици со кои се соочуваат општините во Република Македонија.

На собранието на највисокото тело на ЗЕЛС составено од сите градоначалници во земјата беа разгледани и важни извештаи од работењето на ЗЕЛС.

-На наше големо задоволство, свое обраќање имаше и мандатарот за формирање нова Влада, Христијан Мицкоски кој ги изнесе своите заложби дека идната извршна власт ќе обезбеди соработка за унапредување на процесот на децентрализација – изјави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Уверен сум, додаде, дека по добивањето на мандатот на ВМРО-ДПМНЕ за управување со централна власт, активно ќе се придвижат работите во насока на подобрување на состојбата во сите сфери во локалните самоуправи, како и кон подобрување на финансиската стабилност на општините.

Share