Одлична иницијатива на Црвен крст- Карпош во соработка со Општина Ѓорче Петров преку натпревар да ги едуцираме и запознаеме учениците со придобивките од познавање на првата помош. Во реонскиот парк се одржа натпревар во прва помош за екипи од основните училишта.

Учество земаа училишта од општините Ѓорче Петров, Сарај и Карпош, односно вкупно 23 екипи. Натпреварите се организираат на општинско, градско, регионално и државно ниво и имаат за цел да ја зголемат јавната свест за улогата и значењето на првата помош како живото спасувачка вештина и пред се најмладите да се стекнат со основни познавања и вештини за правилно и навремено укажување прва помош.

Општина Ѓорче Петров и во иднина ќе поддржи настани со цел едукација на нашите млади жители во насока на хуманоста и солидарноста.

Share