Реализираме нова голема акција за зазеленување на с.Кучково! Заедно со 130 вработени од компанијата „Џонсон Мети“ денеска во околина на локацијата „Крст“ засадивме 2.000 нови млади садници кои на долг рок значително ќе допринесат за чист воздух на ова туристичко место.

Голема благодарност до компанијата за соработката и за тоа што покажа општествена одговорност кон заштитата на животната средина, што е од особен интерес за сие нас.

-Заложбите на Општина Ѓорче Петров за зелена и чиста еколошка средина се остваруваат плански, и согласно временските услови. Со заеднички чекори, прво како граѓани, потоа како одговорни за општествените состојби, на ваков начин значително го подобруваме еколошкиот статус на локалниот еко-осистем и делуваме како пример во заедничкото „креирање на зеленилото“ – рече градоначалникот Александар Стојкоски.

Засадени беа црн бор, бел бор, аризонски чемпрес и даб.

Новите садници, освен што ќе придонесат за чист и свеж воздух, значат и одлична сенка во летните денови под која ќе уживаат посетителите на нашето Кучково.

-По засадувањето на дрвцата, заедно продолживме во уште една акција – собирање отпад од истата локација. Ова е наш симболичен придонес како граѓани кон сочувување на екологијата. Во оваа насока, би сакал да апелирам до сите кои го посетуваат Кучково да внимаваат на хигиената и да ја користат правилно урбаната опрема – апелираше Стојкоски. Ова е втора акција за засадување садници на иницијатива на компанијата „Џонсон Мети“ што ја реализираме заедно. Неодамна засадивме 150 парковни дрва на две локации во Ѓорче Петров, односно на Кејот на реката Вардар и во дворот на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“.

Share