Одлична иницијатива од страна на компанијата „Џонсон Мети“ на првиот ден на пролетта.
Денеска во присуство на претставници од двете страни, засадивме 150 парковни дрва на две локации во Ѓорче Петров, односно на Кејот на реката Вардар и во дворот на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“.
Двата типа на јавор кои беа засадени се листопадни кои брзо растат и брзо шират крошна. Тоа значи дека за многу брзо време ќе можеме да ги користиме придобивките од новозасадените дрвца, кои освен што ќе допринесат за чист воздух, ќе направат и одлични сенки на двете локации кои ќе бидат пригодни за летен период. Благодарност до општествено-одговорната компанија „Џонсон Мети“ за донацијата и за тоа што препозна пријател во Општина Ѓорче Петров. Нашата интенција е што повеќе зеленило и паркови површини што на долг рок носат здрава и чиста животна средина и благодет за биодиверзитетот, затоа што без тоа, нема и иднина за човештвото.