Во последна, завршна фаза, влегува целосното реконструирање на училишната сала во основното училиште „Мирче Ацев“ со што сме чекор понапред во унапредување на условите за квалитетно физичко образование кај децата.

Целосната репарација во првата фаза опфати менување на подот во салата каде беше поставен нов гумиран под, бојадисување и молерисување на ходникот и кабинетот на наставникот по физичко образование.

Во втората фаза, училишната спортска сала е опремена со нови спортски реквизити

Наскоро се очекува салата да го добие комплетно новиот изглед, по сите модерни стандарди.

-Нашите најмлади жители се нашата иднина и нема дилема кога станува збор за добро образование, особено проследено со физичка активност која е многу значајна од најрана возраст – изјави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски кој изврши увид во завршната фаза на градежните активности. Проектот со наслов „Санација и опремување на спортска сала во ООУ Мирче Ацев“ е во соработка со Министерството за образование и наука.

Share