По поднесената иницијатива од страна на хумани граѓани, наши ѓорчепетровци, а за спроведување на хуманитарна акција под мотото „За овој 8 Март подари поинаков подарок“, Ве известуваме дека градоначалникот Александар Стојкоски и Општина Ѓорче Петров ја поддржаа акцијата и се приклучија кон истата.
Акцијата се спроведува во општинските основни училишта и градинки.
-Да го стоплиме мајчиното срце, да ја гушнеме мајката на Лео и да и подариме насмевка. Да ги уплатиме наменетите средства за 8-мо мартовски подарок на сметката на Лео. Да помогнеме тој набргу да се врати во својот дом и да и подари вистинска прегратка на својата мајка – се вели во соопштението од Општината. Од локалната самоуправа ги повикуваат сите граѓани кои се во можност да донираат за лекување на Леонид на наведените телефонски броеви.