Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски на состанок со претставници од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување – МИР и Здружението на граѓани “Праведни и професионални” изрази поддршка за прекуграничен проект чија цел е зголемена партиципација на жените на работните позиции.

Освен на жените, проектот е осврнат и на ранливите категории на жени и млади до 35 години на пазарот на труд. Проектот во Ѓорче Петров ќе се имплементира во периодот до март 2025 година.

Во негови рамки, предвидено е да бидат организирани обуки, посети на компании и менторски сесии за професии во кои доминираат мажите односно, ИТ, обработка на метали и градежништво.  Проектот е во склоп со целите и приоритетите утврдени во Програмата за локален економски развој на општината, Стратегијата за унапредување на родовата еднаквост и Програмата во однос на еднаквите можности меѓу мажите и жените.

Share