Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски заедно со ѓорчепетровци во црквите во Оризари, Ново Село и Волково го одбележа големиот христијански празник Св.Атанасиј Велики.
-Ја продолжуваме традицијата и ја негуваме верата. Овие собири се можност да се посветиме на црквата, но и да се видиме и да поразговараме со нашите граѓани чие мислење нам ни е најважно. Св.Атанасиј Велики е победник над силните студови и мразеви. Традиционално во црквите се служи ручек во знак на одбележување на празникот и населението од овој дел од Ѓорче Петров ја негува традицијата со веселба и македонска традиционална музика – рече Стојкоски.
За ѓорчепетровци, како што додаде, е од големо значење одбележувањето на црковните и празнични собири и секогаш ни е задоволство заедно да прославиме.
-Нека е за многу години празникот. Нека сите не чува и штити Св.Атанасиј Велики – истакна Стојкоски.