Општина Ѓорче Петров реализираше уште едно ветување дадено пред граѓаните – целосно е завршена реконструкцијата на улицата што ги поврзува Горно и Долно Маало во с.Никиштане.

Станува збор за улица во должина од 260 метри, а која претходно беше во лоша инфраструктурна состојба. Со овој градежен чекор решивме уште еден долгогодишен проблем на жителите на ова село кои имаа потешкотии при движење и сообраќање по улицата.

Општина Ѓорче Петров ќе продолжи со иста динамика да реализира градежни активности низ целата општина.

Share