По повод Светскиот ден на детето, градоначалникот Александар Стојкоски го посети ООУ „Ѓорче Петров“.
Образованието ќе биде еден од главните постулати во програмите за работа на општината, а приоритет во наредните години ќе бидат подобрување на условите во системот.
-Да создадеме амбиент на соживот и почитување на различностите. Дијалогот, а не насилството да биде основ за решавање на проблемите. Децата имаат најголемо право да бидат среќни секој ден, секој со своја желба, соништа и своја страст. Ќе бидам секогаш тука за вас, како најголем пријател и сојузник да ги решаваме прашањата кои ве засегаат – им се обрати Стојкоски на децата.
Вие, додаде, сте идните носители и промотори во развојот на државата.
Градоначалникот во периодот што следува ќе ја засили агендата во однос на посети на шесте централни и две подрачни училишта во Ѓорче Петров.