Многу идеи, визии, но и детали за проектот „Заедно до просперитетна заедница” поддржан од УСАИД денеска споделија претставници на Институтот за истражување и анализи на политики „Ромалитико“  во кабинетот на градоначалникот Александар Стојкоски.

Преку овој проект, нашите сограѓани Роми учествуваат во подобрување на приоритетните потреби на заедницата.

На сребата беше разговарано и за поквалитетно образование, инфраструктурните проблеми и создавање услови за вработување на ромското население во Ѓорче Петров.

Share