Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски изврши увид во градежните работи – завршна фаза од поставување бехатон плочки на улиците во урбаната заедница Мирче Ацев.
Како што најави Стојкоски, во иднина вечерните патроли од негова страна на места каде се работи и во доцните часови ќе станат пракса.
-Моето работно време не завршува попладне во кабинетот. Бев на терен на поставување бехатон, односно во патрола низ општината по завршување на работното време. Тоа треба да биде во континуитет – рече Стојкоски.
Градоначалникот ја искористи можноста и да поразговара со граѓани кои се жители на овие улици и да ги слушне нивните сугестии, предлози и идеи.

Share