Во Домот на култура во Ѓорче Петров синоќа се одржа премиерна изведба на претставата „Ништо не е страшно“ на Тетар Пи во која учествуваа деца со попреченост и атипичен развој.
Пораката што се испрати преку претставата е еднаквоста на типичното и нетипичното кое што се раѓа и умира на ист начин, но сепак додека е живо се третира како непознато, различно и маргинализирано.
На премиерата присуствуваше градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски кој најави дека ќе прави напори овие деца да добијат што поголема инклузија во секојдневниот живот, во театарските претстави, спортот, музичките перформанси…
-Не е доволно само еден ден да им се посвети внимание на овие лица и на нивните права за еднаквост со другите. Тоа треба да биде секој ден, да претставува дел од човечкото општество – рече Стојкоски по премиерата.
Во претставата учествуваа лица со интелектуална попреченост од “Порака”-Скопје и ученици со типичен и атипичен развој од училиштата од општината. Соработката меѓу општина Ѓорче Петров и Театар Пи е воспоставена веќе одреден период и досега беа одржани повеќе заеднички настани.