Општина Ѓорче Петров во соработка со ЈП „Комунална хигиена“-Скопје организира акција за собирање кабаст отпад на повеќе локации во Ѓорче Петров.
Акцијата ќе трае од петок (10.12.2021) до понеделник (13.12.2021), а контејнерите ќе бидат поставени на следните локации:
Последна 4 – ка Хром
Последна 5 – ка Дексион
Кај месната заедница во Даме Груев
Кај старата полициска станица во УЗ Ѓорче Петров
Габаритен и биоразградлив растителен отпад од земјоделско потекло ќе се собира на ден 11.12.2021 во населените места Волково, Волково-Пржина, Кисела Јабука, Кучково, Никиштани, Ново Село и Орман. Граѓаните треба да го изложат пред пунктовите од 7 до 10 часот на следните локации:
Волково – спроти ресторан „Стара воденица“,
Пржина – претпоследна 22 ка
Ново Село – трансформатор после месна заедница
Кисела Јабука – проширување на пруга
Стопански двор – проширување меѓу ул.51 и ул.52 (после текстилната фабрика)