Препознавајќи ја важноста од изучување на природните науки, а со цел унапредување на образовниот процес во основното образование, Министерството за образование и наука пред еден месец презема активности за опремување на по еден кабинет во секое од шесте училишта во Ѓорче Петров.
Во просториите на општината денеска беше организиран координативен состанок на кој се разговараше за начинот на дистрибуција на нагледните средства во кабинетите што ќе ги користат наставниците.
Станува збор за средства како што се микроскопи, лупи итн..