Советот на општина Ѓорче Петров ја одржа четвртата седница, а на дневен ред се најдоа повеќе точки за кои советниците дадоа „зелено светло“.

Во основните училишта се назначија нови членови на училишните одбори само таму каде што имаше потреба од промена по законска регулатива. Во другите училишта останаа старите членови од општината. Овие членови се со мандат од 3 години.

Во градинката „Росица“ по истек на мандатот на двајцата членови-претставници од општината беа коптирани два нови члена во Управниот одбор со мандат од 4 години.

Беше формиран и Совет за социјална заштита на општина Ѓорче Петров, заради планирање и развој на мрежата на социјални услуги на планскиот регион.

Share