Училиштето „Страшо Пинџур“ во Ѓорче Петров доби грант од Фондацијата „Чекор по чекор“ за проектот „Редовно на часови“-акција за вклучување на Ромите во основното образование.

Со средства од проектот беше опремена една просторија – катче за сите ученици од училиштето со акцент на децата од ромската популација.

Градоначалникот Александар Стојкоски денеска ја посети просторијата и ја искористи можноста да поразоговара со учениците во училниците кои беа посветени на изработка на материјали поврзани со новогодишните празници. Стојкоски присуствуваше и на приредба реализирана од најмладите ученици. 

-Секогаш е корисна дружбата со најмладите. Ја искористив можноста да поразговарам со учениците во училниците, но и со децата што ја користат просторијата. Истата ќе биде наменета за активности и состаноци на ученичкиот парламент и психолошки работилници за унапредување на менталното здравје на учениците што е одлична идеја – рече Стојкоски.

Градоначалникот најави активно продолжување со активности во насока на еднакво образование и инклузија за сите деца.   

ООУ „Страшо Пинџур“  е училиште во кое 20 отсто од учениците се од ромска популација. Главната цел е да се вклучат активно во задолжителното основно образование. 

Share