Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, амбасадорот на САД Кејт М. Брнс, министерката за образование и наука Мила Царовска и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини ги посетија учениците во ООУ „Мирче Ацев“ кои ја следат состојбата на животната средина и вршат директни експерименти и истражувања што имаат вистинско научно значење.

Ова е едно од 27-те училишта каде со програмата „Globe“ се изведува практична настава за испитувањa и мерење на квалитетот на атмосферскиот воздух, водите и почвата. Оваа програма се реализира со поддршка на САД и Еко-свест.
Учениците од ова училиште учат за воздухот, почвата, заштитата на животна средина во целосно новиот кабинет по природни науки, кој е еден од 260 кабинети опремени со средства од МОН, но и по новите наставни програми.
Вклучени се повеќе од 130 ученици од второ до осмо одделение кои преку практична настава се грижат за животната средина. Светската научна и образовна програма поврзува ученици, учители и научници од целиот свет.

Share