Магистар Анкица Спасова од ООУ „Тихомир Милошевски“ од Ѓорче Петров е прогласена за просветен работник на годината во учебната 2020/21 од страна на Град Скопје.

Нејзината напорна работа во делот на математиката е валоризиран со неколку награди. Денеска градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски оствари средба со Спасова на која двете страни поразговараа за повеќе проекти кои во иднина може да се имплементираат во училиштата. 

-Образованието е многу важен сегмент од општествената алка и напорно ќе работиме да ги подобриме состојбите. Заеднички со наставниот кадар во план е да реализираме активности кои во иднина ќе продуцираат квалитетни кадри и генерации со кои ќе се гордееме. Со Анкица поразговаравме и во оваа насока – рече Стојкоски.

Организирање работилници не само за децата, туку и за родителите со акцент на тоа колку е важно квалитетното образование е еден од предлог-проектите за кои беше разговарано на средбата, а е потребно да се имплементира што поскоро во училиштата. 

Share