Поволните климатски услови службите на општина Ѓорче Петров ги искористија за ревитализација и подигање на над 2.000 м2 зелени површини комплетно опремени со ситеми за наводнување со прскалки и нови системи капка по капка за дрворедите.

Со акцијата се опфатени локации покрај ул.„Васил Чакаларов“ во УЗ Хром, ул. „Македонска Војска“ во УЗ Ѓорче Петров и покрај ул.„Лука Геров“ во населбата Даме Груев.

И во наредната година ќе продолжиме интензивно да работиме на подигнување на нови зелени површини и да се грижиме за јавните површини.

Share