Општина Ѓорче Петров му додели признание на Никола Ивковиќ од комуналната служба за посветен и вреден работник за 2021 година.  

На традиционалната предновогодишна средба на вработените од комунални дејности со градоначалникот, првиот човек на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски истакна дека стимулирањето на вработените е особено важно за непречено одвивање на работниот процес.

-Комуналната служба на општината е важна алатка за одржување на хигиената на јавните површини во Ѓорче Петров. Овие вработене се многу вредни и чесни работници. Честитки за Никола Ивковиќ на кого му доделивме признание за вреден и истакнат работник на традиционалната предновогодишна средба со вработените од комунални дејности – рече Стојкоски.

Тој додаде дека како индивидуалец, без својот тим, не може сам да придонесе за подобрување на состојбите.

-Но, можам да се заложам вработените од овој сектор да добијат соодветни услови за работа во годината што следува и тоа и ќе го направам – подвлече Стојкоски.

Share