Градоначалникот Александар Стојкоски првото утро после новата година го искористи да ги посети вработените задолжени за безбедноста од полициската станица и пожарникарите од противпожарната бригада од Ѓорче Петров.

Стројкоски им посака добро здравје и успех во работата. Градоначалникот беше информиран дека новогодишната ноќ поминала мирно.

Веднаш по 12 часот по полноќ на 1 јануари 2022 година, Ѓорче Петров во болница на територија на општината доби нов жител-машко бебе кое беше посетено од страна на Стојкоски и претставници на општината.

Share