Општина Ѓорче Петров објавува Јавен повик за организирање волонтерска работа и ангажирање на волонтери со цел мапирање на семејства и лица од различни целни групи.
Во услови кога живееме со мерки за спречување на појавата и ширењето на коронавирусот, голем број семејства се во изолација, волонтерството е соочено со предизвик и има посилен мотив за реализација на волонтерски активности.
Кандидатите кои ќе поднесат барање за волонтерство во Општина Ѓорче Петров траба да имаат завршено најмалку средно образование или факултет за социјалнална политика.
Барањето за волонтерство во Општина Ѓорче Петров, заинтересираните кандидати можат да го поднесат секој ден, почнувајќи од 18 јануари 2022 до 30 декември 2022 годинa на следнава e-mail адреса : d.v.saveskа@opstinagpetrov.gov.mk
Лице зa контакте Данче Василевска, тел 070/397-047